Кога Пјер-Емерик Обамејанг пред две години потпиша за Милионерите, за време на подготовките истрча 30 метри за 3,7 секунди. Тоа време е за скоро 0,1 секунда побрзо од времето со кое Усеин Болт ги истрча првите 30 метри за време на трката во Берлин кога во 2009-та година го сруши рекордот на 100 метри.
Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови во една недела, и неговата поубава половина се пошегува на Инстаграм дека Роберт Левандовски почнува да биде здодевен. Тајната на успехот била во доручекот, вели жена му инаку шампионка во карате.
Гонзало Игуаин има тројца браќа од кои еден е фудбалер. Поседува и француски пасош, а меѓу 10-те работи за него ќе уфрлиме и една чудна информација за човек што заработува 5,5 милиони евра годишно.
Лидерот во Перу, тимот на Спортинг Кристал треба да го почести судијата Луис Гарај што им подари победа на мечот против Хуан Аурих. Во исто време не сакаме да знаеме што сè сакаат да му направат гостите.
Фудбалерот на Реал Мадрид и Интер важеше за играч кој не е волшебник со топката, но има страшна фудбалска интелегенција и авторитет кој му дозволи на официјалните натпревари комотно да носи дрес на кој стоеше 1+8.
Дали од инает, или едноставно од голема љубов кон Бенфика, навивачите на овој клуб не престанаа да грмат во дербито против Спортинг кој победи 0-3 на стадионот Луж. Наравоучение: Лекција за симпатизерите кои свират кога на екипата не ѝ оди.
Џанлуиџи Донарума попладнево на клупата ги седна Диего Лопез и колегите и застана на голот на Милан против Сасуоло. За него пишувавме кога наполни 16 во февруари годинава. Го сметаат за наследник на Џиџи Буфон, а менаџер му е контроверзниот Мино Раиола.
Во пресрет на 170. Манкјуниан дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на Олд Трафорд, се потсетивме на неверојатниот момент од 2012-та година кога Агуеро со гол во 93-та минута му донесе титула на Сити.
ПСВ Ајндховен со 1-3 го совлада Твенте во дербито од холандското првенство, но малку фалеше резултатот да биде поинаков по вина на голманот Жерон Зоет.
Вардар вечера на Кјелце му го нанесе еден од најтешките порази, а херој на мечот беше Арпад Штербик кој целосно го поклопи голот. Вакви егзибиции може само него да му се простат.
Со прилично лоша трансфер политика, Милан во оган фрли неколку поранешни легенди како Кларенс Сидорф, Мауро Тасоти, Филипо Инзаги. Токму Пипо последен на своја кожа почувствува колку не е лесно да се работи со Силвио Берлускони, кој пред сите фудбалери го тераше да урла аttaccare или во напад!
Властите во Словенија одлучија да го одложат првенственото дерби меѓу Олимпија Љубљана и Марибор, затоа што речиси сите полицајци и редари се ангажирани во решавање на мигрантската криза.
Во недела од 18 часот, Мохамед Салах го очекува непријателска клима на стадионот на Фиорентина, чиишто навивачи сметаат дека Египќанецот ги предал со заминувањето во Рома. На нож во минатото беа пречекувани Баџо, Конте, Роси, Монтоливо.
Премиерлигашот од Велс пред две години одби понуди од 40 милиони фунти за фудбалерот кој тогаш ги решеташе противничките мрежи, а сега тренира со шпански четвртолигаш.
Секој страстен фудбалски фан кој ја сака оваа игра од мал, ќе ја разбере реакцијата на децава кои живеат за барем една средба со своите омилени играчи.
„Во животот бев зависен од две работи, од фудбалот и од цигарите. Фудбалот ми даде се во животот, а цигарите ми земаа речиси се“, изјави Кројф во една кампања во борбата против пушењето.
Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски со одлична асистенција го пронајде Микал Кухарчик кој ги постави конечните 1:1 против Клуб Бриж. Наполи, Брага и Рапид Виена врзаа три од три во своите групи во ЛЕ, а Ливерпул ниту со 31 удар кон гол не успеа да го совлада Рубин Казан.
Со хет-трикот на гостувањето против Габала, фудбалерот на Дортмунд Пјер Обамејанг го постигна и 17 гол на 17 натпревар сезонава. Лацио славеше 3:1 против Розенборг, иако цел натпревар играше со играч помалку.
Италијанците не се дежурни кривци за глумење. Во едно за жал успешно актерско паѓање пред очите на судијата кој не му извади картон, се впушти Швеѓанецот Понтус Вернблум на дуелот ЦСКА Москва - Манчестер Јунајтед.
Галатасарај синоќа против Бенфика ја забележа првата победа во групната фаза од ЛШ, а за славјето да биде поголемо се погрижи Весли Снајдер по завршувањето на мечот. Со овој потег тој им влезе под кожа на навивачите на Галатасарај.
Пет победи на домаќините и три нерешени среди е исходот од вечерашните средби од 3.коло во ЛШ. Јувентус и Манчестер Јунајтед ремизираа, а Атлетико, Волфсбург, Галатасарај, Манчестер Сити и Малме собраа по 3 бода.