Малиот е колекционер на скапите патики „Кристијан Лабутин“ од кои си купил 10 пари од по 2.000 фунти, а крадците кои влегле во куќата му ги собрале сите до една, а го украле и мерцедесот на татко му кој вреди 40.000 фунти.
Брендон мисли дека некој му ја пикирал куќата само за да му ги украде патиките кои заедно вредат 20.000 фунти.
19 годишниот член на Манчестер Сити е дел од клубот од неговата 8 годишна возраст. Во сезоната 2013/2014 беше прогласен за играч на годината во академијата, а истата година го потпиша и првиот професионален договор.
Во првите месеци од сезонава тој неколку пати беше повикан во прв тим, но остана на клупата. Во ноември замина на двомесечна позајмица во второлигашот Ротердам.
Доби шанса во прв тим против Ипсвич на 21 февруари и постигна гол, а потоа заигра и во ФА купот против Челси.
Еден од најдобрите младинци на Манчестер Сити се смета дека заработува по 10.000 фунти неделно.