Фудбал

Поинтересно е во театар отколку на Интер и Милан

Сан Сиро или Џузепе Меаца се соочи со пораз во однос на привлекување публика во споредбата со театарот во Милано. Младите купиле повеќе годишни карти за театарски претстави отколку за фудбал.

Ветеранот кој знае дека дома си е дома

Замислете го Раул се враќа во Реал Мадрид, станува прв шпиц и подобар од кога и да е. Нереално звучи, но таквиот пат успешно го оди ветеранот Ариц Адуриц во Билбао кој со 35 години чука на вратата на шпанската репрезентација.

Скаути посетете го детево

Џабе што е две глави поголем од него. Малиов направи чудо од потег со кој го натера да седне и да се држи за глава од мака.

Нов земјотрес во италијанскиот фудбал, под истрага се звучни имиња

Обвинителството од Неапол издаде наредба за запленување на имот во вредност од 12 милиони евра во истрагата која се води против околу 60 лица за затајување на данок и фалсификување на документи.

Унаи Емери сака да игра расипан телефон

За време на мечот Севиља - Атлетико М. судиите го остранија тренерот на Андалузијците поради протести, но тоа не му сметаше да ѕирка од тунелот и да игра ѕе со играчите.

Од Лига на шампиони сега ќе играм во четврта лига

Фудбалерот кој ја доби најголемата казна за користење допинг во историјата на ФИФА, првпат после шокот отворено призна дека размислувал да ја прекине кариерата.

Во името на татко ми Адолфо

Гранатите во Втората Светска војна го натерале дедо му на Дибала од Полска спасот да го бара во Аргентина, земја во која во 1993. година ќе се роди малиот Јоја. По смртта на татко му решава да го исполни неговиот аманет еден од синовите да игра фудбал.

Овде работите се целосно излезени од контрола

Ако некоја фудбалска влада размислува да ги зацврсти казните за недисциплинираните фудбалери, нека го погледне ова видео па можеби ќе добие идеја плус. И втора работа. Каде е полицијата?

Како да се прославиш со презимето Лазања

Кевин никогаш не бил дел од младинска професионална академија, пред 4 години играл во аматерска лига, а вчера го замолчи Сан Сиро и го “искина“ тикетот на Мирјана за што најмногу ни е криво.

Благодарам што дојде во нашиот Леванте

Поради проблеми со коленото Џузепе Роси сезонава одигра само четири натпревари за Фиорентина и среќата од овој месец повторно ќе ја бара во Шпанија. За Виљареал играше шест години, а сега оди на позајмица во Леванте на кој ќе му помага да не испадне во втора лига. Чичково не знаеше како да му се заблагодари од возбуда што дошол кај нив.

13 години без Адвокатот

Беше човек со необична моќ, која во Италија се опишуваше преку една анегдота. Папата држел миса на плоштадот Свети Петар, кога едно дете низ гужвата ги прашало своите родители: Кој е оној човек со бела капа кој стои до господин Ањели?

Зарем е можно Бока и Ривер да одиграат пријателска?

Аргентинското „Суперкласико“ кое важи за едно од најжестоките дербија во светот ретко може во новинарските извештаи да помине само со опис за фудбалската игра. Лани петмина фудбалери на Ривер Плејт завршија во болница, а викендов петмина добија црвен картон.

Запознај ги идолите

Едните се ѕвезди на светско ниво, а другите се збунети деца на кои ќе им пукце срца од возбуда бидејќи до тогаш мислеле дека само ќе ги гледаат на ТВ и со нив ќе играат на Плејстејшн.

Мајсторија на Трајковски за една минута игра

Палермо го декласираше Удинезе со 4:1, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна нов гол во Серија А, речиси идентичен како деби голот во Серија А против Фрозиноне.

ПСЖ си игра мајтап со противниците

Фудбалерите на ПСЖ може слободно да одат на зимски распуст, да се вратат и пак да бидат први на табела. Тоа што му бегаат 24 бодa на второпласираниот Монако само повеќе ги опушта во играта. Одиме со еден фудбалски танц на Ибрахимовиќ, Ди Марија и Матуди кој го претвори во гол Грегори Ван Дер Вил. ПСЖ - Анжер конечни 5:1.

Гол на колото во Премиер лига

Детево има само 19 години и неполни 6 месеци стаж во Премиер лигата, а од денеска станува кандидат со голчиште за најавните шпици. Го постигна фудбалерот на Тотенхем, Дели Али на гостувањето против Кристал Палас кое заврши 1:3.

Фудбал за дебели луѓе

За сите кои имаат вишок и не стануваат од тросед, еве шанса да се размрдаат и да го сменат тоа. Во Англија се формираше фудбалска лига во која не се плаќа членарина, а се примаат само дебели луѓе.

Ди Каприо, ти отиде оскарот

Во пресрет на доделувањето на Оскар наградите, главниот фаворит Леонардо Ди Каприо би можел да остане со прстот во уста. Главен конкурент му е фудбалерот Бруно Арабал од грчкиот клуб Етникос.

Какви сè видови на трансфери има

Трансферите на играчите од еден во друг клуб е најинтересна занимација на фудбалската јавност. Без нив фудбалот би бил сувопарен, монотон и досаден. Секој од своја причина преоѓа во друга средина.

Како Гугл му помага на Атлетико Мадрид

За да стигнете до Висенте Калдерон, не мора да ги напишете на Гугл мапата само клучните зборови од неговото име, туку има уште една финта.

Како денес изгледа Томас Хицлшпергер

Од раното детство до фудбалското усовршување, Томас се школувал во академијата на Баерн. Со 15 години бил лидер на јуниорските и младинските репрезентации на Германија, но потоа не му цветаа ружи кај Баварците.

Луда глава тренерска

Случајот со тренерот на Наполи Маурицио Сари, кој го вреѓал Манчини по секоја основа е последна епизода во низата во која тренерите поради одвишок адреналин ја рушат сликата за себе.

Со голмански ракавици го прошетав секој агол на светов

За да го одбиеш Баерн Минхен за да патуваш на гостување во Намибија со автостоп или да лежиш во сингапурски затвор со убијци и да играш во преку 15 земји треба да си Луц Фаненштел, германскиот голман кој ја имаше најлудата кариера во историјата на фудбалот.

Најважно е на Борко да не му се случи ова вечер

Ал Наср vs Ал Драих во Куп натпревар во Саудиска Арабија. Резултат 7:0 и најлошиот автогол за кој голманот нема да има објаснување.