Јави му се на Мино и завршен проблем

Менаџерот кај кого играчите сами доаѓаат, а не тој по нив во моментов работи на трансфер на Хенрик Михтарјан, Еременцот кој едвај избега од Донецк каде не го пуштаа по никоја цена.

Во моментов најбаран играч на италијанскиот агент, покрај Златан Ибрахимовиќ и Погба е Хенрик Михтарјан, лидерот на Дортмунд. Ерменецот на времето сам побарал услуги од италијанскиот агент затоа што не можел да се справи со разните менаџери и тврдокорните луѓе од центарот на рудата во Украина.
 

Како успешен играч на Шахтјор Донецк  (Михтарјан го сруши рекордот по голови во првенството), не стигнуваше многу далеку во Лигата на шампионите и реши да замине. Украинците не сакале да слушнат да го продадат, по што Ерменецот го ангажирал Мино Рајола човек кој може да се бори со „волците од агенти“

„Се испостави дека навистина е точна фразата: Јави му се на Мино и проблемот е решен", изјави Михтарјан свесен за тежината на проблемот што во Шахтјор не ги пуштаат играчите лесно (Бразилецот Матузалем избегал од клубот).

Според Михтарјан никој подобро не би се снашол во таа ситуација од Мино Рајола кој го советувал да не оди на тренинзи и на тој начин да испровоцира продажба. Трансферот во Дортмунд беше долг и напорен, но на крајот Јирген Клоп го доби играчот кој го бараше тогаш и го бара сега во Ливерпул.

Мино работи компетентно, без сентименталност како што работат неупатените луѓе на трансфер пазарот. Тој прави сè неговите играчи или да добијат висока плата или да заминат на повисоко ниво. Тоа е валкана игра, води во кои најдобро плива Мино Рајола.

За Италијанецот најдобро ќе ви раскаже автобиографијата на Златан Ибрахимовиќ или цитат од биографијата на Андреа Пирло кога раскажува за моментот кога новинар го прашал Рајола како правилно се презива, а овој му одговорил:
„Можете да ме викате како ви е згодно, сè додека ми давате пари за тоа“.
Од пицеријата на неговите родители по име „Наполи“ во Холандија, стигна до елитата на фудбалскиот свет. Мино ја почнува кариерата токму во Холандија каде што живеел по преселбата од Сардинија со родителите.
 
Во слободно време, студирал право за да стане адвокат, а тоа во иднина му помогнало во брокерските работи. Во фудбалот влегол благодарение на претседателот на холандскиот клуб Харлем, кој често доаѓал во семејниот ресторан на Рајола. 

Мино се пробал и како тренер во Харлем, но кога сфатил дека тоа е премногу досадно за него, барал друга работа во фудбалот. Лукавиот Италијанец бил еден од првите кој го видел потенцијалот за пари во холандските играчи. Негова замисла била да ја утврди маршруатата Холандија - Италија.
 
Не многу способен на фудбалскиот пазар, Рајола пристапил во агенцијата Sport-Promotion и станал пионир во трансферите. Со негова помош Денис Бергкамп преминал во Интер (кога Панчев беше дел од миланскиот тим), а Рајола на самиот почеток ги договорил и трансферите на неколку други Холанѓани во Италија. За кратко ја напушта компанијата и почнува самостојно да работи како агент.
 
Неговиот прв независен голем трансфер бил оној на Чехот Павел Недвед во Јувентус по страшниот настап на фудбалерот за селекцијата која стигна до финалето. Лацио го купи Недвед од Спарта Прага за 1,2 милиони долари, а после 5 години го продаде во Јувентус за 25 милиони долари.
 

Наскоро станал агент на неколку фудбалери на Ајакс, меѓу кои Ибрахимовиќ, Мидо и Максвел. На последниот ден од трансфер преодниот рок во 2004. година го однесе Златан во Јувентус од Ајакс. Откако Чехот Григера и Максвел одбиле да потпишат нов договор и станале слободни играчи, Ајакс ја прекинува секоја соработка со италијанскиот лукав агент.

Рајола со текот на годините станува најбараниот агент а единствен е по тоа што никогаш не ги нуди услугите на своите фудбалери и не ургира по новинари да пишуваат пофалби за клиентите.

Не е ни чудно што некој како Ибрахимовиќ го почитува многу. Доволно е само да се види како Златан правеше бизнис во текот на неговата кариера. Секаде беше шампион, а неговата плата никогаш не била намалена ниту за цент никаде. Ибрахимовиќ повторува дека неговата кариера е во рацете на Рајола, човекот кој на времето му ги земал клучевите од Поршето и го приморал Гучи оделото да го смени со тренерки.

Којзнае како би завршил Швеѓанецот да бил без Рајола.

Италијанецот е најсилен мотив за младите играчи. Балотели е посебно прашање, иако не игра којзнае од кога, сепак добива многу пари каде и да отиде. Необичен е и случајот со Погба во кој Фергусон не препозна талент, а Мино намириса потенцијал и Французинот сега е меѓу најдобрите играчи во светот.

Исто и со голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума на кој Мино му станал агент уште на 14 години. Во детството на Џиџи Донарума, Мино му го нудел на Галијани, а тој му одговорил дека треба да има совест да бара толку пари за дете. Рајола мирно одговорил:

„Па стари добро, но за неколку години ќе трчаш со договор за него и ќе молиш да го продолжиме, а топ клубовите ќе стојат во ред за него.“ И дојде време навистина да молат за нов договор, а топ клубовите да го бараат чудесниот голман.