Италијанските клубови нема да смеат да имаат голема диспропорција во касите, односно според новите правила нема да се толерира нивните загуби да бидат двојно поголеми од добивките.
Фудбалската федерација на Италија следната година ќе стави граница која ќе изнесува 1,75, што значи дека финансиските загуби во однос на добивките на клубовите ќе смејат да им изнесуваат нешто помалку од дупло.
Од федерацијата најавуваат разни казни за екипите кои нема да го почитуваат ова правило, а главната санкција ќе биде забрана за вршење трансфери. Клубовите нема да може да купуваат играчи, исто како што УЕФА ја казни Барселона, но разликата е што на чизмата ќе бидат опфатени и оние клубови што не играат на меѓународна сцена.
Оваа година сите клубови ќе добијат детален план и совети како да работат транспарентно, а следната година нивниот биланс ќе биде следен.
Според сегашните податоци на федерацијата надвор од параметрите кои не важат за оваа сезона, туку од следната, се 10 клубови или половина лига од кои се познати пет имиња: Милан, Рома, Интер, Џенова и Лацио.