Последното Ел Класико на Зидан

Славниот Зизу кој вечерва дебитира на шпанското дерби како тренер, 2006-та година ќе ја памети по своето повлекување од фудбалот. Освен лошиот потег кога му удри глава на Матераци, тој имаше и неуспешна сезона со Реал. Пречка беше Барса со Роналдињо.

Сезоната 2005/2006 беше сезона на Барселона која го освои шпанското првенство со 12 бода предност зад Реал, го подигна пехарот и во Лигата на шампионите, а трет трофеј им беше италијанскиот Супер Куп.
 
На првото Ел Класико, Кралевите беа шокирани на Бернабеу со 0:3, а на реванш дуелот на не успеаа да им вратат. Домаќините поведоа со голот на Роналдињо од пенал, кој тогаш играше во врвна форма, а четири минути потоа Роберто Карлос доби црвен картон.
 
Кралевите не излегоа од колосек и одлично се држеа со играч помалку, а Зидан со својата препознатлива и мирна игра во средниот ред ги разигруваше соиграчите. Израмнувањето пристигна во 36 минута преку Роналдо кој го лобуваше Валдез во негов стил.
 
Зинедин Зидан излезе од игра во 79 минута, а на негово место влезе Данецот Гравесен и тоа беше неговото последно Ел Класико во играчката кариера. Конечниот резултат на дербито остана 1:1.
По неколку месеци тој се појави на Мундијалот во Германија, а финалето против Италија му беше последниот меч во кариерата.
 
Зинедин Зидан на 1 април 2006 година го одигра последното Ел Класико како играч, а на 2 април 2016-та за прв пат ќе го доживее како тренер. Локацијата повторно е Камп Ноу.
 
 
2 април 2016 - 18:16