Најфини спортски шеги за 1-ви април

Клубовите најчесто ги забавуваат навивачите преку социјалните мрежи, а омилен ден за работа им е 1-ви април кога секаква шега може да пројде, па дури и оние невкусните.

Саутемптон утрово ги шокираше своите навивачи со објавата дека клубот има нов грб за сезоната 2016/2017. А грбот како да го цртало дете. Реакциите беа бурни, некои дури и коментираа дека нема да купат сезонска карта за следната сезона ако грбот е ваков.

Еве како изгледа правиот грб на „светците“ од Саутемптон:

Фабијан Делф од Манчестер Сити нагло напушти едно интервју во клупските простории, а вработената помисли дека западнала во голема неволја по едно прашање:

Измет од животни

Плимут Хералд денес напишал елаборат на тема позајмица на животни за чистење на измет од теренот. Во подолга статија, авторот објаснува дека клубот изнајмил пар бизони од луѓе навивачи на нисколигашот, а со цел животните да го исчистат изметот од теренот и да го спремат за дуелот со Вимблдон во сабота.

Хитот на денот од Арсенал:

„Топџиите" на Твитер објавија видео со кое најавуваат нов подвижен (шибер) покрив на стадионот Емирати кој ќе биде спонзориран од Цитроен. Зборуваат луѓе од струката, инженери, видеото прикажува како ќе оди покривот за да ги заштити гледачите од сончеви зраци додека гледаат фудбал.

И онака бесните навивачи разочарани од резултатите сезонава, полуделе после оваа објава.

Рио Фердинанд станува тренер. Од јуни месец:

Во Ливерпул на 1-во априлска шега паднаа Лукас Леива и Симон Мињоле.

Нив ги возеше „најлошиот“ возач на светот кој наводно не знае кои се играчите, од кај се, со што се занимваат. Го задолжиле да ги вози до тренинг центарот, а со оглед на казната која ги чека ако задоцнат, нив уште повеќе ги нервира „досадниот“ возач.

Барселона и Реал Мадрид основаат крикет ривалски тимови. Првоаприлска шега на која се „упецаа“ многу медиуми утрово:


Валентино Роси ќе вози кај касарната во Кичево!

Порталот Мотори.ком.мк излезе со статија во која се повикува на извор од тимот на Јамаха, според кој апсолутниот светски шампион во МОТО ГП ќе гостува во Македонија и тоа во Кичево, каде автопатот бил како писта.

Според зборовите на „Докторот", патеката во Кичево која всушност е полигон за воени вежби и се наоѓа во склоп на касарната на АРМ, е вистински предизвик за него: „Да се вози по испукан асфалт, без зони за излетување, со можност некое дете да претрча во секој момент е нешто што ретко се гледа. Всушност, го има само во Македонија." пишува Мотори.ком.мк и преку последната реченица го честитаат денот на шегата и изразуваат желба за подобрување на работите во мотоспортот во земјава.