Зошто едните се Атлетик а другите Атлетико?

Да копнеме по историјата на овие два гиганти од Шпанија.

На секој нивен натпревар сличности упаѓаат во очи: имињата Атлетиик и Атлетико,  Athletic и Atlético звучат практично еднакво, обата клуба играат во црвено-бели дресови и имаат заедничка историја. За да се разбере зошто едните се Атлетик а другите Атлетико треба да се врати во моментот на појава на фудбалот во Билбао.

ФУДБАЛОТ ВО БИЛБАО СЕ ПОЈАВИЛ БЛАГОДАРЕНИЕ НА АНГЛИЧАНИ - ОТТУКА И АНГЛИСКО ИМЕ НА КЛУБОТ

На крајот од XIX век Билбао брзо се развивал како пристанишен град. Бискаја (провинција на северот од Шпанија која влегува како дел од автономната заедница Земја на Баските)

била еден од центрите на шпанската металургија и бродоградетелство, во регионот често доаѓале британски инженери, работници и морелопловци. Истовремено, децата од богатите баскиски семејства биле праќани на школување во Велика Британија.

Со сето тоа, и фудбалот постепено се развивал во Билбао, во контекст на односите меѓу двете земји. Официјалната историја на Атлетик Билбао го поврзува ширењето на фудбалот со две паралелни групи луѓе: Британци кои работеле во тој реон и млади Баскијци кои се враќале од студии од Британскиот остров.

Сочувано е дури и името на локацијата на која фудбалот првпат почнал да пушта корени во градот - Campa de los Ingleses, што во превод буквално значи „Терен на Англичаните“.

Ова место се наоѓало близу реката Нервион каде посади од британските бродови пристанати на пристаништето организирале фудбалски натпревари. 

Од 1889-та година датира првиот спомен на фудбалски натпревар. Sunderland Daily Echo пишувал за натпреварите на англиските морнари во Билбао. Наскоро кон фудбалот се приклучиле и локалните жители а на крајот од ХIX век се појавиле и првите организирани екипи.

Во 1898 бил основан Athletic Club. После неколку години организацијата добила и прво официјално формирање но имено годината 1898 клубот ја зема за година на основање.

Во тоа време името делувало сосема природно: играта со топка била англиска, многу луѓе имале врски со Велика Британија и фудбалот го поврзувале со таа земја. Никому не му било необично што се користел англискиот назив Athletic наместо шпански Atlético.

А раниот шпански фудбал изобилувал со такви имиња - доволно е да се погледнат примерите како што се Спортинг, Расинг или бројни клубови со Football Club пред нивното име. 

МАДРИДСКИ АТЛЕТИКО Е ОСНОВАН ОД БАСКИЈЦИ КАКО ФИЛИЈАЛА НА КЛУБОТ ОД БИЛБАО

На почетокот на ХХ век Athletic веќе бил еден од познатите клубови на шпанскиот фудбал. Во 1903-та година Баскијците дошле во Мадрид на натпревар од Купот на Шпанија и го освоиле пехарот. Во главниот град во тој момент постоела доволно бројна баскиска заедница и меѓу неа имало многу студенти и млади луѓе кои го следеле родниот клуб.

На 26-ти април 1903-та година група од тие млади студенти си основала свој сопствен клуб Athletic Club de Madrid. Притоа треба да се обрне посебно внимание дека не станува збор за навивачи кои биле инспирирани од успешниот клуб па усвоиле слично име, туку мадридскиот клуб бил основан токму како филијала на Атлетик Клуб.

Самиот мадридски Атлетико за да го опише тој период, го користи терминот sucursal. Дури и после повеќе од еден век, мадридскиот клуб ја признава таа врска: кога Атлетик Билбао ја славел својата 125. годишнина од основањето, Атлетико Мадрид гласно ги означил Баскијците како основачи на нивниот клуб.

Првите називи им беа токму такви: Athletic Club и Athletic Club de Madrid.

Во прво време постоела и организациска врска меѓу овие два клуба: мадридскиот огранок не можел да се состане со баскискиот на официјалните турнири, но играчите под одредени услови можеле да настапуваат за двата клуба.

Но со тек на време таа зависност едни од други слабеела. А Athletic Club de Madrid изградил сопствена структура и на крајот станал целосно самостоен клуб. 

Клубовите делеле дури и исто име и бои и имале многу слични грбови. Дури и без познавање на гореспоменатите детали,в рската меѓу клубовите можела да се прати и низ други карактеристики - како што се црвено-белите пругасти дресови. Но двата клубва првично играле во други бои: сино-бели дресови.

Раните грбови на клубовите исто биле слични. Маридскиот тим користел речиси ист, делумно изменет грб.

Обата клуба дури и ја востановиле црвено-белата боја како резултат на една соработка. Една од приказните за промена на боите од сино-бели во црвено-бели е поврзана со Хуан Елорду. При едно патување во Англија тој требал да купи серија сино-бели дресови, слични на оние кои ги носел и уште ден-денес ги носи Блекбурн. Но не успеал да најде потребна количина за сите.

Пред враќање дома, Елордуи купил 50 црвено-бели дресови од Саутемптон: половина оставил во Билбао, а остатокот подоцна бил пратен за Мадрид. Атлетик Билбао првпат новата опрема ја облекол во јануари 1910-та година. А мадридскиот тим на црвено-бели бои преминал една година подоцна.

Мадридскиот клуб постепено почнал да си гради и свој идентитет. Во 1917-та година на грбот на Атлетик Мадрид се појавиле елементите по кои и денес се разликува од својот баскиски пандан: мечка, цветно растение и седум ѕвезди - симболите на Мадрид. Во тој момент Атлетик Мадрид постепено воспоставувал свој идентитет иако надворешната врска со Билбао и натаму била очигледна.

До избивање на Граѓанската војна во Шпанија постоеле два независни клуба со слични имиња. 

Со оглед на тоа што оваа игра потекнува од Велика Британија, неколку децении голем број англиски имиња биле составен дел од шпанскиот фудбал. Но дошло време странските зборови да се сменат со шпански аналози.

На почетокот на 1941-ва овие промени ги опфатиле и клубот од Билбао па Athletic Club бил заменет со Atlético de Bilbao, а новиот натпис се појавил и на грбот каде Atlético Bilbao го заменил Athletic Club.

А приказната со Атлетико Мадрид била далеку посложена. 

По Граѓанската војна клубот се нашол во уште потешка положба и во 1939-та година се споил со Aviación Nacional - клуб на шпанското воздухопловство. Тоа довело до создавање на клубот Athletic-Aviación Club но по воведување на пропистите кои барале „шпанизација“ на имињата, англискиот збор Атлетик морал да биде исфрлен во овој случај.

Клубот од Мадрид во 1941-ва станал Club Atlético-Aviación а после неколку години подоцна врската со воздухопловниот сектор била прекината. На 1. јануари 1947-ма името било скратено во добро познатиот првичен назив Club Atlético de Madrid каков што е до ден-денес.

Поточно Atlético de Madrid, клуб кој освои пехари во евро куповите, во домашната Ла Лига, во шпанскиот Кралски Куп и на други турнири. Ситуацијата се сменила на почеток на 1970-те години кога ослабнало ограничувањето на странските називи. Тоа му дозволило на баскискиот клуб да си го врати историското име. Франко починал во ноември 1975-та, а во јули 1972-ра Атлетик Клуб си го вратил првичниот назив.

1 септември 2026 - 14:27