Знаете ли за првиот трансфер на Роналдо?

Сите знаеме за колку пари Кристијано Роналдо премина од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид пред 6 години, но сигурно не знаете за што го трампале како мал.

Роналдо почнал да игра во аматерскиот клуб Андорина, а на 10 години Национал успеале да го земат за два пара спортска опрема и 20 топки. Задолжен за спортската опрема во Андорина бил таткото на Роналдо. За споредба Фулам даде 30 пара тренерски за да го купи Зат Најт, ако воопшто го знаете кој е.

Потоа тренерки, патики, торбици и топки не било доволно за некој да може да го земе во своите редови. Кога имал 12 години, Спортинг за него платил 15.000 фунти.

Од него вадат огромен ќар и на 18 години му го продаваат на Манчестер Јунајтед за 12 милиони фунти.

Последната сума на пари за Португалец ја даде Реал Мадрид кој на Црвените ѓаволи им извади 80 рекордни милиони фунти во 2009-та.

16 октомври 2015 - 14:45