Жозе Мурињо седнува на клупата на Брегзит

„Ако сакате да зборуваме за мојот учинок, само ќе ви кажам дека ѝ донесов независност на Северна Македонија, целосна државност на Република Јемен, како и титула на Реал Мадрид во Ла Лига. Сè што се случи потоа, не е моја вина“, вели Специјалниот.

Тазе отпуштениот Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед потврдено е дека веднаш е назначен за нов секретар на Брегзит.

Мурињо од позицијата на тренер на Олд Трафорд ќе се префрли во влада, а вината за неуспехот на Брегзит ја префрла на државните службеници, ЕУ и на сите кои претходно биле на неговата нова позиција.

„Секој секретар на Брегзит може да биде добар, колку тимот со кој ќе треба да работи, а мојот тим е срање. Тие немаат никакви квалитети. Ги мразам.

Ако сакате да зборуваме за мојот учинок, само ќе ви кажам дека и донесов независност на Северна Македонија, целосна државност на Република Јемен, како и титула на Реал Мадрид во Ла Лига. Се што се случи потоа, не е моја вина.

Ја докажав мојата посветеност за оваа работа со резервација на хотел во Лондон, така што навивачите на Брегзит треба да бидат со мене. Ако не, тогаш нема да победиме. Значи тоа ќе зависи од нив.

ЕУ не ми го дава договорот што ми треба. Јас ги прашав, а тие не ми излегуваат во пресрет, така што невозможно е да успеам. Сите други земји се отидени понапред, затоа што имаат договор.

На крајот на краиштата, неуспехот на Брегзит не може да ми се препише мене. Постои јасен виновник, а тоа е Инстаграмот на Пол Погба.

Ви благодарам. Сега ќе си ја земам платата“, рече Мурињо.

Заебанцијата е на thedailymash

18 декември 2018 - 13:34