Двајца фудбалери на Униао Барбаренсе во второто полувреме на натпревар од државното првенство на Сао Паоло против екипата на Линенсе на теренот истрчале со исти бројки.
Играчот од средината на теренот, Брито во првото полувреме играл со бројот 7, а на полувремето облекол дрес со број 5 кој веќе го имал дефанзивецот Рафаел Силва.
Противничките фудбалери биле збунети, но не реагирале, а на судијата му биле потребни дури 26 минути за да примети и му дал жолт картон на Брито.
„Тие постојано напаѓаа и ние ги употребивме сите трикови за да ги спречиме нивните закани кон нашиот гол", изјавил Брито кој натпреварот го завршил со број 17.
Трикот сепак им успеал и на крајот Барбаренсе победиле со 3:2.