Во германскиот гигант Баерн Минхен владее одредена вознемиреност во врска со Џамал Мусијала (роден во Штутгарт во 2003-та година). Целата врева ја покрена една изјава на легендарниот Карл-Хајнц Румениге кој рече: „Она што го знаеме укажува на тоа дека ќе му биде тешко да го достигне нивото кое често го покажуваше овде на овој стадион“.
Оваа поранешна играчка легенда а сега член на Управниот одбор на Баерн Минхен отишол дури и чекор подалеку и се осврнал на договорот на Мусијала - тој е втор најплатен играч во екипата со плата која во зависност од различни фактори може да достигне дури 25 милиони евра бруто.

„Мораме да разговараме со семејството, со играчот и пред сè со агентите - зошто, со должна почит, тие бројки веќе не се реални“, рекол Румениге за германски 'Скај' истовремено ја исклучил можноста Џамал Мусиала да биде продаден: „Не можам да замислам Џамал да го напушти клубот, ниту кој било друг клуб да го купи под овие околности. Верувам дека во оваа ситуација пристапуваме многу внимателно кон играчот и во сечиј интерес е тој да се врати, идеално во полна натпреварувачка форма. Но што ако тоа не се случи? Во тој случај ќе мора да го разгледаме и финансискиот аспект. А тоа е задача со која, нажалост ќе мора да се позанимаваат Управниот и Надзорниот одбор“, рекол Румениге.
Џамал Мусијала на почетокот на август месец растојание од два дена два пати колабираше на терен. Баерн Минхен веднаш изнесе дијагноза по сите детални прегледи: германскиот репрезентативец имал кратки, приввремени епизоди на несвестица, предизвикани од невролошка дисфункција која може да се лекува.
Мусијала откако се опорави од мускулна повреда, после речиси два месеци пауза се врати на терен. Влезе од клупата за резерви во петокот против Келн во ремито 1:1. Во 70' минута го замени Конрад Лаимер и одигра 20-ина минути.

Изјавата која ја дал Румениге, веројатно со знаење на Управниот одбор на Баерн Минхен ја приморале и организацијата за заштита на правата на фудбалерите FIFPro на реакција:
„Ова е координирана стратегија за вршење притисок врз Мусијала и неговите застапници во пресрет на какви било преговори. Клуб од рангот на Баерн Минхен би морал да знае попристојно да се однесува. Договорите мора да се почитуваат. Повреда или пад на форма не му даваат на еден клуб право повторно да преговара за условите кои веќе се договорени. Сите прашања во врска со неговиот договор би требало да ги решаваат во приватен разговор со него и неговите застапници“, соопштиле од ФИФПро и после го заостриле тонот:
Тоа што го прават челниците на Баерн се граничи со присила. Тоа што го прават челниците на Баерн а притоа не мислам на Компани или Еберл ми делува одвратно, тоа се граничи со вознемирување. Едноставно не е во ред да се зборува јавно за нечија здравстена состојба или платата која е пворзана со тоа, на ова ниво. Не смееме да заборавиме дека Џамал стори се што можеше да се опорави. Се чини дека парите се поважни од човекот.
ГЛАСИНИ НА ДРУШТВЕНИТЕ МРЕЖИ

Луѓето од најблиското опкружување на Мусијала посебно биле вознемирени од непромислените изјави на Карл Хајнц Румение, коментари за кои сметаат дека предизвикале диви, неосновани гласини на друштвените мрежи дека овој млад играч би можел да ја заврши кариерата, сценарио што никогаш ниту е разгледувано ниту е предложено од некого. Се работи за шпекулации кои се типични за нашето време, рекле од опкружувањето на фудбалерот кој важеше за најголем германски талент и врвен германски репрезентативец.
Во овој момент, велат луѓето од непосредна близина на играчот на Баерн, ситуацијата е јасна: Џамал минатиот петок се врати на терен на натпреварот против Келн. Плано е, секако, со соодветно лекување, да се држи под контрола невролошката состојба со која за сега ќе мора да живее, меѓутоа тоа не мора нужно да има директно влијание на неговите физичики способности или играта на теренот.
Шпанска Марка пишува и дека во разговор со луѓето од непосредна близина на бројот 10 на Баерн Минхен дознале дека притисокот кој Карл Хајнц Румениге му го врши на играчот е непримерен за еден функционер кој и самиот некогаш бил професионален фудбалер. Сметаат дека тоа не му носи корист ниту на Џамал Мусијала ниту на клубот во кој тој е еден од клучните адути и дека треба да му се овозможи да се врати во свој ритам без непотребен притисок.
Притоа никој од луѓето од клубот не ги контактирал ни неговите застапници ни неговото семејство што само дополнително ги разочарало.