За табуретка за Биелса и до Уругвај ако треба

Навивачите на англиски Лидс Јунајтед уште се поврзани со убавиот период од времето кога аргентинскиот легендарен стручњак Марсело Биелса го водеше клубот во од 2018-та до 2022-ра. Тогаш и македонскиот репрезентативец Џани Алиоски беше дел од таа симпатична банда.

И покрај тоа што скоро две години не го води англискиот клуб, Биесла уште е омилен меѓу навивачите. Тој во 2020-та го поведе Лидс Јунајтед од Чемпионшип во елитната Премиер лига и тоа беше првпат после цели 16 години Лидс да се врати во најсилното друштво.

Јунајтед со него играше атрактивен фудбал, убав за око и тоа ги освои навивачите.

Марсело Биелса имаше обичај да седи на табуретка покрај клупата и по тоа беше препознатлив. Ама од како стана селектор на Уругвај (со него го победија Бразил првпат после 22 години) „Ел Локо“ (лудиот) немал прилика да седне на мека табуретка. Тоа го приметиле на Островот.

Од таа причина група навивачи на Лидс Јунајтед тргнале од Англија до Уругвај да се сретнат со нивниот сакан Марсело и да му подарат табуретка.

68-годишниот Биелса ги пречекал навивачите на Лидс Јунајтед а групата ја предводел извесен Сајмон Рикс, басист на групата Кајзер Чифс (интересно името на бендот го зеле од поранешниот клуб на легендата на Лидс Јунајтед од Јужна Африка Лукас Радебе).

Навивачите стигнале во Монтевидео пред мечот Уругвај - Бразил кој домаќините го добија со 2:0 и така првпат после цели 22 години ги совладаа кариоките.

Навивачите дошле во базата на Уругвај, Биелса ги сретнал, ги почестил, им се заблагодарил и се израдувал на табуретката. Останува да се види дали Марсело ќе си седне во удобната табуретка на 16. ноември кога ќе играат против Аргентина на Меси.

20 октомври 2023 - 10:25