Пред мечот Тотенхем - Брајтон, еден навивач на Спарс, Рој Конели, на Твитер раскажал кратка тажна историја:
„Татко ми е причината поради која навивам за Тотенхем. Тој ме однесе на стадион кога имав 6 години. Пред 16 години тој се пензионираше и отиде на село. И уште не бил на новиот стадион, задутре го носам. Веројатно, овој меч ќе му биде и единствен, зошто дознав дека му дијагностицираа рак во терминален стадиум. Се надевам дека дечките ќе му подарат победа“.
My dad the reason i support Tottenham Hotspur he took me when i was 6 yrs old, he retired to the country 16yrs ago and has not been to the new stadium, i take him tomorrow probably for his only visit as he's been diagnosed with terminal cancer lets hope the boys give him a win.
— Roy Connelly (@RoyRpcjpc) December 25, 2019
Навивачите на Тотенхем активно го споделувале овој твит со цел да стигне до официјалниот клупски профил.
Твитот стигнал и до две големи ѕвезди на Тотенхем од ’80-те години - Грем Робертс и Мики Хазард, омилени играчи на дедо Конели. Овие двајца исто на Твитер го прашале Рој каде ќе седат со татко му, за да дојдат да го поздрават и да се сликаат со него.
Where do you sit mate
— Graham Roberts (@GrahamRoberts4) December 25, 2019
Ok what time do you get there ? I’ll come see you and your dad don’t tell him
— Graham Roberts (@GrahamRoberts4) December 25, 2019
Робертс (лево на фотографијата) и Хазард (десно на фото) се многу познати играчи на Тотенхем од ’80-те години, најуспешен период во клупската историја, време кога Лондонци два пати по ред стигнувале до финалето на Купот на Англија и кога освоиле Куп на УЕФА (1984-та).
На крај и денешниот состав со победа после пресврт го израдува стариот Рој.
„Силата на социјалните мрежи е просто неверојатна. Твитот кој го објавив вчера, стигна до таму на татко ми да му подарам блескав ден. Големо фала на двете легенди Грем Робертс и Мики Хазард за тоа што му го направија дено, и на Кејн и Деле за победата“, напишал Рој после мечот.