За фудбалот сега и во едно друго време

Имало и тогаш циркузи од типот „пушти му 3 бода за опстанок“, ама немало кладилници за кои се игра фудбалот, разно разни скаламуции и вртење милијарди. Жива вистина е ова:

Еден од коментарите под сликата кој се однесува на успесите во југословенскиот спорт и разликите кои допринесоа парите да ги “убијат“ малите убави приказни:
„Сите клубови во сите спортови беа со 100% домашни играчи. Југопластика, Партизан, Босна и Цибона во кошарка беа европски шампиони со домашни играчи. Во ракомет Металопластика, Партизан, Бјеловар, Пролетер, Борац, Бања Лука освојувале европски титули. Денес спортот е бизнис, во преден план се маркетиншките интереси и се купуваат играчи за вртоглави суми. Кој има пари може да создава силни тимови, за разлика од порано кога школите произведувале играчи и малите средини беа носители на спортовите во Југославија. Многу од претходно набројаните клубови или не постојат или едвај ја преживуваа глобализацијата во спортот“.
Инаку да, денес е тој ден. На 29 мај 1991-ва, Црвена Звезда со нашите Дарко Панчев и Илија Најдовски стана европски првак.

29 мај 2018 - 13:16