
Специја - Верона 1-3. Веронезите поведоа во 5’ минута, Специја израмни во 15-та минута, за да одново екипата од градот на Ромео и Јулија ја зголеми предноста преку Сирил Нгонге кој со два гола во 26’ и 28’ минута го постави конечниот резултат.
Од 68-ма минута Верона играше со играч помалку откако исклучен беше Давиде Фараони.
Во следната сезона во Серија А ќе играат нововлезените Фрозиноне и Џенова кои директно се пласираа, како и Каљари и Верона кои успеаа преку крајно тешкиот бараж. Во втора лига испаднаа Кремонезе, Сампдорија и Специја.