Во Норвешка за играч на натпреварот - печено прасенце

Кога некој ќе прави потсмев со домашниот автентичен селски фудбал и како тоа „ете само кај нас живее проста маса“, кажете му дека во најдобрата норвешка Супер лига пред извесно време на натпревар на Бодо Глимт најдобриот играч на мечот доби гајби јајца за награда. А во меѓувреме во 1-та рунда од норвешкиот Куп, фудбалер на нисколигашот Верхуг, Хине Арсен Ларсен како награда за одличниот настап добил печено прасе од 23 кила.

15 април 2025 - 08:04