Напаѓачот е во дозволена позиција сè додека макар еден дел од телото кој смее да игра со топката е во линија со противничикиот фудбалер кој е до него или зад него. Офсајд се досудува дури тогаш кога го преминува со цел дел од телото.
Gol, który może być uznany tylko w Kanadzie! Tam wciąż testowany jest spalony Wengera: zawodnik musi być cała sylwetką na spalonym, a nie tylko jej fragmentem, żeby był ofsajd.
— Adam_Kotleszka ⚽🏝️🇺🇸🇦🇺🇨🇦 (@Adam_Kotleszka) September 24, 2026
No i wspominany już Tomasz Skublak w roli głównej 🇵🇱🇨🇦 pic.twitter.com/KhM6dnqGbk
Интересно правило кое би го направило фудбалот пожив. А идејата дојде од генијалниот Венгер.
Токму таа разлика се покажа во голот на Томаш Скублак. Дел од неговото тело беше пред одбранбениот фудбалер но не и целото тело. По стандардниот критериум секаде на светот акцијата би се прекинала поради офсајд.
Ова правило е познато и како „daylight offside“ односно „офсајд на дневна светлина“ зошто меѓу напаѓачот и одбранбениот играч мора да постои јасно растојание.
Арсен Венгер е сегашен директор на ФИФА за глобален развој на фудбалот. Целта на тестот на ФИФА во канадското првенство не е само да се признаат повеќе голови во фудбалот кои се поништени поради неколку сантиметри, некогаш и милиметри. ФИФА соопшти дека сака да провери како предноста која им се дава на напаѓачите ќе влијае на движење на одбранбената линија, бројот на шанси и ритамот на натпреварот.
Ова не значи дека ова правило е прифатено во останатите лиги а меѓународната фудбалска асоцијација допрва ќе треба да ги согледа добрите и лоши страни на ова правило. Останатите натпреварувања уште се водат со важечкиот офсајд како досега.
Но стручњаците велат дека ова правило не гарантира поголем број голови затоа што одбраните ќе можат да се прилагодат и да стојат подлабоко позади.