
Светското првенство 2026 кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико и кое ќе биде најголемо поради веќе добро познатото проширување на 48 учесници, ќе расте уште повеќе и ќе стане и најдолго.
Првичната идеја беше да се игра во 16 групи од по три селекции и во нокаут фаза да одат првите две од секоја група. Така ќе се играа 80 натпревари, за разлика од досегашните 64 кои се играат од 1998-ма.
Но во ФИФА анализирале дека групи со по три земји, ќе донесат елиминации по само два одигра меча и плус се зголемуваат шансите за местенки во трето коло.
Најпознат случај е оној од СП 1982, кога Австрија се сложила да загуби 1:0 од Западна Германија, резултат кој им одговарал на двете земји, а Алжир бил елиминиран.
Во тој контекст е и изјава на првиот човек на конфедерацијата за Северна Америка, Виктор Монтаљани.
„Дали е правилно да се квалификувате на Светско првенство и една третина од тимовите да си одат дома по два натпревари?“
Затоа ФИФА направи формат кој треба да го изгласа денеска заедно со земјата домаќин за четири години.
Промената ќе резултира со 104 натпревари, кои треба да се одиграат во период од околу 40 дена, наместо планираните 80.
Тоа значи дека 48-те селекции би биле поделени во 12 групи, секој би одиграл по три натпревари, а во топ 32 би се пласирале првите две од секоја група плус најдобрите 8 третопласирани.
Шампионот и вицешампионот наместо досегашните седум ќе одиграат по осум натпревари. Финалето место на 3-ти би се играло на 19 јули, а стартот останува на 8 јуни 2026.
Претседателите на шесте фудбалски конфедерации вчера имале состанок со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и никој немал приговор за предложениот план. Што значи се очекува само официјална потврда.
Додавањето на дополнителни натпревари ќе донесат и дополнителни денови за фудбал со што ќе се создаде турнир што може да трае повеќе од 40 дена. Тоа ќе ги налути синдикатите на играчи и клубови кои и онака се загрижени за големиот обем на работа наметнат врз фудбалерите.