Вида се изглупира со ново видео

Уште не спласнати реакциите од првото, од Домагој Вида протече уште видео снимено во соблекувалната на Хрватска по елиминацијата на Русија. Пак замара со Украина, а спомнува и ресторан по име Белград кој се наоѓа во Киев. Со него овој пат е Ивица Олиќ кој е дел од стручниот штаб. Ја тераат балканската.

По првото видео  хрватскиот фудбалски сојуз го отстрани од репрезентацијата членот на стручниот штаб Огњен Вукојевиќ, а ФИФА му прости на Вида. 

10 јули 2018 - 09:04