Вест Хем се откажа од силувачот по реакции на Твитер

Екипата на Вест Хем беше заинтересирана да се засили со Белгиецот Иломбе Мбојо од Гент кој одлежа три години во затвор заради силување, но се откажаа заради негативните реакции на навивачите преку Твитер.

Белгиецот роден во Конго, Иломбе Мбојо го привлече интересот на повеќе екипи со неговите голови за Гент, а помеѓу заинтересираните екипи беше и англискиот Премиерлигаш Вест Хем.

Познавајќи го неговото минато, еден од сопствениците на клубот, Џек Саливен преку својот Твитер профил ги праша навивачите дали тие ќе го прифатат осудениот силувач.

99% од коментарите биле негативни, по што Вест Хем почитувајќи го мислењето на своите навивачи по неколку денови се откажа од трансферот на Мбојо.

Иломбе Мбојо на 16 години учествувал во групно силување на 14-годишно девојче и бил осуден на затворска казна од три години.

Додека ја издржувал затворската казна тој добил дозвола да тренира со екипата на Шарлоа, а по излегувањето од затвор Мбојо потпиша и професионален договор со оваа екипа. Од 2011. година е член на Гент, а по импресивните настапи доби покана и од селекторот на репрезентацијата и веќе одигра два натпревари за Белгија.

16 август 2013 - 13:42