Не само Мундијал на секои две години. Со цел да се справи со згуснатоста на календарот на кој се жалат и играчи и тренери кои со право тврдат дека се преморени, ФИФА преку Арсен Венгер понуди нова идеја.
Венгер е начелник на оделот за развој на светскиот фудбал и тој денес се обратил на состанокот на ФИФА во Доха:
„Актуелниот календар не е одржлив. Во септември веже имаме прва пауза (за репрезентативен собир), во октомври втора, во ноември трета и во март четврт репрезентативен прозор. Во јуни е последниот собир на репрезентации а во јули почнува нова сезона. Сево ова е премногу“, почнал некогашниот тренер на Арсенал.
„Се работи на тоа да се проретчат квалификациските фази за меѓународни турнири за да се избегнат постојани патувања. Август и септември би биле планирани за клупски фудбал а октомври за квалификациски кола. Од ноември до крајот на сезоната пак да се игра клупски фудбал.
Сè треба да биде реорганизирано. Корист би имале сие, почнувајќи од клубовите. Не би имало прекини“, констатирал Арсен Венгер на самитот на тренери и играчи во Доха на кој се разговара за Светско првенство на секои две години, идеја која сигурно не би заживеала најмалку до 2024 година.