Ученик дебитирал за Естудијантес па во школо го пречекале како херој

Младиот 17-годишен Аксел Атум на мечот Естудиантес - Велез Сарсфилд влегол од клупа за резерви и го забележал дебитантскиот настап во сениорски фудбал. Неговиот Естудиантес победи 2-0 со головите на Гастон Бенедети Тафарел. Аксел влегол во игра во 81’ минута од средбата, а следниот ден во школо го пречекале како јунак.

Аксел Атум игра офанзивно, во средниот ред и важи за голем талент на аргентинскиот фудбал. Неговиот Естудијантес е во серија од четири победи и е на 5. место со 27 бода колку што има и четвртопласираната Кордоба после 15 одиграни кола.

9 мај 2023 - 11:03