Брајтон откако стигна до Премиер лига (2018-та), почна да бележи добри резултати со тренерите Крис Хјутон и Густаво Поје, а кулминацијата стаса со талентираниот млад италијански тренер Роберто Де Ѕерби кој прави чуда со играчи кои воглавно се дојдени како слободни агенти, за помалку пари или се позајмени од други клубови.
Брајтон пред само неколку дена со 1:3 го разби Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, а синоќа за првпат во историјата заигра во групна фаза од еврокуп. На гости им дојде грчки АЕК Атина кој ги совлада со 2:3 на отворањето на групите од Лига Конференции.
Еве како бил подемот на клубот во изминативе 27 години: