Тотенхем последен пат го освоил „Стемфорд Бриџ“ во времето на Маргарет Тачер

Фудбалерите на Тотенхем вечерва гостуваат на терен кој повеќе од две децении им е ноќна мора. Последен пат од таму си заминале со победа кога уште не била оформена Премиер лигата.

Челси сезоната игра во одлична форма и има скор од 10 победи и 3 нерешени средби, а во пресрет на вечерашното градско дерби против Тотенхем лидерот на табелата во Премиер лигата потполно ја има традицијата на своја страна.

Спарси немаат победа на „Стемфорд Бриџ“ на последните 24 гостувања, од кои 22 спаѓаат во Премиер лигата. На овие средби тие забележале 16 порази и ремизирале 8 пати, примиле 48 голови, а постигнале 16.

Последната победа на гости против Челси им ја донеле Дејвид Ховелс и Гери Линекер кои сега имат 46 и 54 години, а тоа се случи во сезоната 1989/1990 година кога Тотенхем триумфирал со 2:1.

Тотенхем ја има најлошата серија на гостински терен на еден тим во Премиер лигата, а најслабите резултати на гости воопшто во англискиот фудбал ги има Евертон, но тие се однесуваат на дуелите против најсилните шест екипи.

Против Арсенал, Челси, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Астон Вила и Тотенхем, Евертон има само 12 гостински победи од вкупно 134 меча. Додека во овие соочувањата најуспешен е Манчестер Јунајтед кој победил на 62 меча од 133 или на скоро половина.

„Црвените Ѓаволи“ на гости имаат 14 победи против Евртон и Астон Вила, 12 против Тотенхем, 10 против Ливерпул, 7 против Арсенал и 5 против Челси.

Кога последен пат Тотехнем славел на гости против Челси:

-Сер Алекс Фергусон сè уште немал ниту еден трофеј со Манчестер Јунајтед.

-Ливерпул бил на пат да ја осви последната титула во англиското првенство.

-Маргатер Тачер била премиер на Велика Британија.

-Не било почнато СП Италија 1990.

-По 27 години од затвор излегол Нелсон Мандела.

3 декември 2014 - 13:40