Виолетовата боја во Италија асоцира на тагување и луѓето мислат дека е оваа боја е малерозна. Еден од луѓето кои веруваат во ова е и менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини.
Проблемот е во тоа што клупската тренерка е виолетова, па тој им забранил на фудбалерите да го носат овој модел на тренинзите, а од раководството побарал да им испорачаат тренерки во други бои.
Манчини за малку ќе направел голем скандал и неговиот клуб можел да заработи и казна од УЕФА откако пред натпреварот од Лигата на шампиони против Ајакс, тој им наредил на своите фудбалери да ги соблечат маркерите кои ги носеле за време на загревањето затоа што на нив имало виолетова боја.
Некои гласини велат дека суеверието на Манчини на моменти преоѓа во лудило. Тој никогаш не закажува состанок во парен час, па доколку состанокот треба да започне во 2 часот, тој закажува во 1:59.