Судијата кој го исклучи Милнер, му предавал физичко во школо

Ливерпул и Кристал Палас одиграа луд меч со дури 7 гола. Во 89’ минута беше 3:2 а веќе после неколку секунди 4:3 на крајот.

На овој натпревар имаше неколку крајно необични и занимливи моменти. На пример, пред натпреварот, Јирген Клоп се поздравил со дедото кој се спрема да го прослави 104 роденден а од 8 години навива за „црвените“.

Бернард Шеридан навива за Ливерпул од далечната 1923 година кога имал 8 години.

Денес тој ретко оди на стадионите. На 25 јануари ќе го прослави својот 104 роденден и поради тоа добил писмо од Јирген Клоп:

„Драг Бернард,

Сакам лично да ви го честитам 104 роденден. Се надевам дека ќе поминете убаво време во друштво на своето семејство и пријатели. Благодарност за тоа што толку долго го поддржувате Ливерпул.

You'll Never Walk Alone

Јирген Клоп.“

Заедно со писмото на дедо Бернард му пратиле и карти за саботниот меч против Кристал Палас, дрес со бројот 104 и празнична торта.

„Навивам за Ливерпул уште од детството. Со клубот бев и во добро и во лошо. Сакам во сабота да отидам на стадион. Мора да го победиме Палас“, рекол дедо Шеридан кога му го дале писмото од Клоп.

Заедно со него на „Енфилд“ дошло целото негово семејство: на натпреварот отишол со синовите од кои едниот дошол специјално од Канада. После мечот се сретнал со своите 7 внуки и 14 правнуци.

Еве како мистер Бернард Шеридан изгледал во младоста:

МИЛНЕР И ПРОФЕСОРОТ ПО ФИЗИЧКО

Во 89’ минута од натпреварот кој Ливерпул го доби 4-3, Џејмс Милнер доби црвен картон (втор жолт) поради страшно груб фаул над Заха.

Црвен картон му покажа судијата Џонатан Мос кој во Премиер лигата работи од 2011 година. Во прв момент ништо необично, но се испоставило дека постои еден интересен момент.

Мос на времето работел како професор по физичка култура во школото на Џејмс Милнер (во средина со топката).

Џон Мос дипломирал на Универзитетот во Лидс каде студирал физичка култура.

Кратко време играл фудбал на аматерско ниво а подоцна почнал да работи како наставник по физичко во школото Вестбрук во Хорсфорт, западен Јоркшир.