Судениот пеналџија на Аргентина и Севиља

Дури петмина Аргентинци синоќа се радуваа на трофејот во Лига Европа. За еден од нив ноќта беше посебна. Катар му се повтори во Будимпешта.

Гонзало Монтиел ја има сезоната од соништата и сезоната на кариерата која нема шанси да му се повтори. 

Стана прв играч во историјата кој успеал да реши две финалиња од белата точка во една сезона или поточно на Светско првенство и во Лига Европа.

Десниот бек шутираше последен за Аргентина во финалето против Франција на СП Катар на 18 декември, а тоа го повтори и синоќа против Севиља.

Монтиел и во двата наврати го постигна четвртиот одлучувачки пенал, и тоа како џокер.

 

Севиља е владетел во Лига Европа, Мурињо и Рома на колена 

1 јуни 2023 - 08:39