
Рој Хоџсон скоро цел живот се враќа во Кристал Палас, неговиот матичен клуб во кој бил и како играч и како тренер. Тој имаше неверојатна тренерска кариера и ги водеше шведски Халмштад, Оребро, швајцарски Ксамакс, па репрезентацијата на Швајцаирја, па Интер, Грасхоперс, Копенхаген, Удинезе, Обединети Арапски Емирати, Викинг, Финска, Фулам, Ливерпул, ВБА, беше селектор на Англија и Англија У-21, беше во Вотфорд и пак во 2023-та се врати во својот Кристал Палас со кого води битки за опстанок.