Срцето на 8 годишниот Алек за роденден место торта и подароци го одбра Вардар

Фудбалот често пати знае да ни донесе по некоја топла приказна од земји како Англија, Холандија, а убаво е што и кај нас прорабутваат емоциите на еден ваков начин. Алек за Вардар, Вардар за Алек и тоа во денови додека клубот дише на шрги.

Дали се сеќаваме на трогателната приказна за малиот Алек? Детето јунак, кое на својот осми роденден го одбра ВАРДАР наместо торта и подароци, па родителите изненадени, 'беа принудени' да му купат 47 Билети за спас на Вардар, и со тоа да го запишат неговото име во Вардаровата клубска историја.
 
Приказната не е завршена...
 
Денес Алек дојде на тренингот на Вардар и фудбалерите му приредија едно мало изненадување.

Му подарија фудбалска топка на која сите го ставија својот потпис, и направија фотографија која вечно ќе се памети и ќе служи за пример како секој од нас, без оглед на годините и статусот, со мал свој чекор водени од срцето, можеме да направиме големо дело, и фронтот за спас на нашата љубов Вардар, да направиме да биде непробоен како најсилна тврдина.

ЗА АЛЕК !
ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ !

Дали се сеќаваме на трогателната приказна за малиот Алек? Детето јунак, кое на својот осми роденден го одбра ВАРДАР...

Posted by Komiti Skopje on Thursday, April 8, 2021
9 април 2021 - 14:08