Спектакл во Барселона, Интер јуначки во Каталонија

Првиот натпревар од полуфиналето на Лига на шампиони меѓу Барселона и Интер заврши спектакуларно со шест гола. Нераѕурите водеа со 0-2, Барселона се врати, на крајот конечни 3:3 како најава за неизвесен реванш.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Италијанскиот шампион Интер одигра храбро на „Олимписки стадион“ на Монжуик во Барселона и успеа да остане непоразен со сезонава фантастичната Барселона.

Сензационално Интер поведе уште во 1' минута од мечот со неверојатен гол со пета на Маркус Турам. Во 21' минута холандскиот бек Дензел Дамфрис зголеми на 0-2 и го смрзна стадионот во Барселона.

Каталонците успеаа после силен притисок и офанзива најпрвин да намалат преку Ламин Јамал во 24-та минута и да израмнат на 2-2 преку Феран Торес во 38-ма минута. Со тој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел во само две минути паднаа два феноменални гола. Најпрвин Дамфрис кој на крајот од мечот заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот постигна втор гол за 2-3 а набрзо Барселона израмни среќно откако после слободниот удар на Рафиња, топката му се одби на голманот Зомер од грб и заврши во мрежата.

На крај конечни 3:3 како најава за неизвесен и драматичен реванш на „Џузепе Меаца“ следниот вторник.

 

30 април 2025 - 22:55