Соиграч на Салах од Египет пуштил двојник да полага испит за него додека тој игра на Куп на Африка

Крилниот напаѓач на Галатасарај Мустафа Мухамед е еден од ретките во својот Египет кој ќе може да се пофали дека стигнал до четвртфинале и на добар пат кон полуфинале на Куп на Африка, најголемиот спортски настан на Црниот континент. Но во истовреме ќе треба да одговара за една превара.

Мустафа Мухамед, соиграч на суперѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах направил скандал во својата татковина откако на еден факултет откриле дека негов двојник полага испити во негово име.

Проблем настанал кога еден од присутните членови на комисијата која го набљудувала испитот бил голем вљубеник во фудбал и приметил дека студентот кој полага пред него, не може да биде фудбалерот Мустафа Мухамед (24) зошто неколку часа претходно го гледал во составот за мечот против Брег на Слонова Коска и тоа во далечниот Камерун.

Мухамед одигра 91 минута во тандем со Салах во нападот на „фараоните“ и во дополнителните продолженија беше заменет и изваден од игра. Египет подоцна славеше на пенали (трета победничка пенал серија во историјата против Брег на Слонова Коска на Куп на Африка).

Студентот бил приведен на разговор во полиција откако на факултетот сфатиле дека познатиот фудбалер е во Камерун и игра за репрезентацијата, така што нема теорија да дојде да полага во испитна сесија.

Другарот на Мухамед живеел на иста улица кај него во Гиза и се дружеле одамна. Блискоста и сличноста во физичкиот изглед, фудбалерот ја искористил да го замоли другарот да полага. Овој подоцна признал во полиција дека досега полагал три испити во негово име.

24-годишниот фудбалер студира Информациска Технологија на Високиот Институт за Менаџмент и Информациска Технологија во Гиза. Имал сесија во јануари.

Мухамед во меѓувреме има многу поважна работа - со неговиот Египет стигна до големото полуфинале на Куп на Африка откако на пенали ја совлада фаворизираната селекција на Брег на Слонова Коска.

„Другар ми е и неговата иднина ќе биде уништена ако не го положи испитот. Само сакам да помогнам, ова е првпат како го правам ова“, рекол другар му за кого се испоставило дека лаже. Египетскиот весник youm7 открил дека тој три пати полагал во име на центарфорот.

Купот на Африка донесе многу интересни и необични приказни:

Садио Мане покажа како се игра за својата земја, повреден даде важен гол па излезе од игра

Хит во Африка - лев бек бранеше врвно како голман, Комори пружија херојски отпор со играч помалку против Камерун

Ракетата на Манго од Малави за најубав гол на Куп на Африка

Двата еврогола од слободен од иста позиција на Ашраф Хакими

27 јануари 2022 - 09:25