Ернест Ербстеин е подзаборавен фудбалски херој од времето на Втората светска војна кој е роден во Унгарија и кој кариерата ја почнал во Будимпешта во 1915 година. Се пензионирал во САД, а во меѓувреме заиграл и во италијанските екипи Фјумана и Виченца.
Фудбалот повторно му пружил шанса да отпатува во Италија, но потоа како тренер на екипите на Бари, Ночерина, Каљари и Лукезе. По 10 годишното тренерско искуство станал познато и квалитетно тренерско име и добил шанса во сезоната 1938/1939 година да го тренира и Торино кој во тоа време бил на многу повисок ранг.
Стартот не му се посреќил, само поради неговата еврејска вера и Нацистите го протерале од земјата. Популарниот Ерно во тоа време сепак имал голема среќа, бидејќи заедно со сопругата Јолан и ќерките Марта и Сузана успеал да го преживее холокаустот.
По завршувањето на војната почнала една нова и славна ера во неговата кариера бидејќи повторно го добил големиот предизвик наречен Торино. Ерно станал дел од стручниот штаб како втор тренер во 1946 година, а клубот веќе претходната сезона прославил едно Скудето.
Славниот Гранде Торино и денеска е познат под овој епитет бидејќи од вкупно 8 шампионски титули во Серија А, пет ги освои по ред во периодот од 1942 до 1949 година. Тоа е најдолгата серија на освоени Скудета во Италија од кои Ернест освои три.
Торинезите во тоа време поставија низа рекорди на чизмата како на пример најдолга серија од 21 меч без пораз, 65 освоени бодови на 40 меча, 19 победи дома од вкупно 20 меча, максимална предност зад второпласираниот, највисока победа од 10:0, најдобра гол разлика 125-33.
Торино во тоа време успеал во една сезона да постигне и 104 голови, по три во просек на натпревар, а еден од најзаслужниот за тоа бил капитенот Валентино Мацола, инаку татко на потоа славниот Сандро Мацола од златните денови на Интер.
Оваа италијанска бајка за жал траела траела до 1949 година кога фудбалерите на Торино отпатувале на пријателски меч против Бенфика. Ерно позајмил куфер од ќерка му и и ветил дека ќе и го врати кога ќе се врати од Лисабон, но тоа не успеал да го стори лично.
Авионот на клубот на враќање се срушил во Базиликата Суперга во Торино, а животот го загубиле сите 31 патници. Со него патувале 18 фудбалери, петмина членови на стручниот штаб, тројца познати новинари, четворица членови на екипажот и еден организатор.
По големата трагедија низ улиците на Торино жалеле над милион луѓе, а навивачите секоја година на 4 мај 1949 година палат свеќи во знак на почит на загинатите петкратни шампиони на Италија. Куферот на непожелниот Ерно од времето на фашизмот останал читав.