Што е тоа Познањ кај навивачите?

Навивачите на полскиот клуб Лех Познањ први „го брендираа“ необичното зига-зага со свртен грб. Еднаш играа против Манчестер Сити во Лига Европа, победија 3-1 (Сити уште тогаш беше јак со Давид Силва, Балотели, Компани, Забалета, Мика Ричардс, Патрик Виера, Вејн Бриџ, Адам Џонсон, Џулиен Лескот, Адебајор, Џо Харт...). На овој натпревар англиските навивачи го виделе навивањето на Полјаците кое набрзо го прекопирале на Островот.

27 април 2026 - 12:47