Соопштението на ФК Шкендија ви го пренесуваме во целост:
„Фудбалскиот клуб Шкендија заблагодарувајќи им се на сите медиуми и на јавноста за нивната поддршка во периодот кога тимот постигнува историски успеси на европска сцена и го афирмира на најдобар можен начин мак-фудбалот, за жал во исто време изразуваме остра реакција и осуда против вандалскиот напад врз наши невини фанови. Жестоко протестираме против хулиганите и насилниците кои нивното дивење избираат да го манифестираат со физички напади врз навивачите на Шкендија, истовремено изразуваме сериозна загриженост за неефикасноста или "немотивираноста" на надлежните органи за јавна безбедност да се спречат ваквите случаи.
ФК Шкендија ја претставува Македонија во Лига Европа и со постигнатите успеси не само што се промовира самата себеси во меѓународни рамки, туку исто така придонесува за подобрување на пласманот на македонскиот фудбал во услови кога сите други македонски тимови беа елиминирани уште на самиот старт на натпреварувањето во Европа. Научени сме медиумите да реагираат и на најмалите инциденти, притоа барајќи објаснување од нашиот клуб и за најбанални случаи, додека изненадувачки се молчи за вакви вандалски напади врз невини луѓе.
Изразувајќи длабока загриженост за постојаниот ризик што им се заканува на нашите фанови, бараме реакција од компетентните органи, за да ја вршат својата работа, одговорности и должности како треба, со цел да и се овозможи на Шкендија со настапите во Европа како претставник на Македонија еднакви услови како и на другите екипи од Македонија кои играа во европските купови“.
Кој е уствари стадионот Адем Јашари.