Шампионите ги спремаат составите

Во екот на летниот трансфер период, најголемите европски екипи кои ќе ги гледаме во новата сезона од најквалитетното клупско европско натпреварување, ги засилуваат и освежуваат своите тимови. „Кралевите“ со помош на новите имиња силно ќе атакуваат на одбрана на трофејот.

Карло Анчелоти ќе има многу мака за да го состави првиот тим во кој конкурираат многу играчи во средниот ред и нападот на Реал. Најновиот кој се придружи на скапото друштво е новата ѕвезда на Колумбија Хамес Родригез, а на голот конкуренција се очекува да биде и голманот на Костарика, Кејлор Навас кој е пред потпис во Мадрид.

Продажбите на Манџукиќ, Крос и Ван Бујтен да се одразат негативно во составот на Гвардиола кој во составот ги има истите неколку имиња од лани кои летово го подигнаа Златниот пехар во Бразил, а новиот центарфор кој ќе треба да ги полни мрежите е Левандовски.

Големи промени има во тимот на Жозе Мурињо кој летово пазареше во Атлетико Мадрид од каде зема четворица играчи, меѓу кои и сопствениог чувар на голот кој беше на позајмица. Нападот и средниот ред се освежени со одличните Диего Коста и Фабрегас.

Минатогодишиот финалист во Лигата на шампионите не успеа целосно да го задржи истиот состав кој стигна до шампионската титула во Примера, а ги засили напаѓачката и голманската линија.

Парижаните за сега се пасивни на трансфер пазарот, а единствената дупка со продажбата на Алекс во Милан ја пополнија со Давид Луиз кој стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Каталонскиот тим не седеше со скрстени раце додека Реал пазареше скапи играчи. Местата на Валдес и Фабрегас ги пополни со Тер Стеге и Ракитиќ, а во нападот направи бомбастичен трансфер со купувањето на Суарез.

Манчестер Сити веројатно ќе се потпре на докажаната силна навала во нападот. На десната бековска позиција се засили со Сања од Арсенал, а од Порто ги испазари Фернандо и Мангала.

Со неколку мали промени е изгледот и на моменталниот состав на Арсенал кои има два одлични новитети.

За сега не се решава многу да менува ниту Борусија Дортмунд, кој местото на Левандовски го пополни со најдобриот стрелец од минатата сезона во Серија А, Чиро Имобиле.

Раководните луѓе на Ливерпул не ги штедат парите од Луис Суарез. Од екипата на Саутемптон пристигаа Лалана, Ламберт и Ловрен, а хрваскиот репрезентативец со трансферот од 20 милиони фунти стана најскапиот дефанзивец во историјата на клубот. Во нападот ќе го имаат напаѓачот на КПР Лоик Реми.

Екипата на Рома интензивно се подготвува за новата сезона, а на трите полиња ќе се бори со помош на новите Итурбе, Ешли Кол, Емануелсон, Астори и Кеита.

Антонио Конте го напушти Јувентус, а медиумите пишуваа дека не бил задоволен од плановите на клубот околу засилувањата. Новиот предводник Масимилијано Алегри за сега како новитети ги доби Евра од Манчестер Јунајтед и Мората од Реал Мадрид.

Претседателот на Наполитанците, Аурелио Де Лаурентис за сега не се расфрла со пари. Освежување во нападот е Мичу од Свонси.

26 јули 2014 - 20:26