Се сеќавате ли на голчиштето на Пандев против Ерменија пред 19 години?

Ова се други времиња со Хари во ФФМ, Цапар на клупа, Шаќири, Величе, Седлоски, Васоски во игра. Мечот се одигра на Градски на 18 август 2004, што значи Горан тука има 21 година и е тазе член на Лацио. Левицата му работи во полна пареа и се загрева за златните мигови кои му следат во долгата блескава кариера.

Инаку се работи за првото квалификациско коло за СП 2006 кое Македонија го доби со 3:0. Другите два гола се дело на Шаќири и Шумуликоски.

Одиме со составите:

Денешниот пријателски дуел Македонија - Ерменија кој се игра во Струмица со почеток од 15 часот е вкупно 11-ти. Имаме 5 победи, 2 нерешени и 3 порази.

17 октомври 2023 - 13:20