Се огласи и Мурињо

Американскиот милијардер Дан Фридкин и неговиот син Рајан Фридкин одлучиле да го отпуштат тренерот на Рома Жозе Мурињо поради очајните резултати на екипата сезонава. Ова е четврти отказ за Жозе кој беше отпуштан од Тотенхем (2021), Ман. Јунајтед (2018) и Челси (2015). Португалецот ги водеше Римјаните на 138 средби и забележа 68 победи, 30 нерешени и 40 порази.

Мурињо стана тренер на Рома во мај 2021-ва и ја водеше „римската волчица“ две ипол сезони. Сезонава има најслаби резултати. По отказот утрово на Твитер (Х) се огласи со фотографија и два збора:

 

16 јануари 2024 - 11:52