Со најригорозна казна од 7 години и 3 месеци се соочува Сандро Росел кој седеше на претседателската фотелја за време на реализацијата на трансферот на Нејмар, додека за неговиот наследник Хозе Бартомеу се бара затворска казна од 2 години и 3 месеци.
Двајцата се товарат за затајување на данок за трансферот на Нејмар кој во 2013 година од Сантос премина во Барселона. Во јавноста беше обелоденето дека сумата за неговата продажба изнесува 57 милиони евра, но судот се сомнева дека тоа се 83 милиони.
Шпанското обвинителство побара и парична казна од 33 милиони евра за клубот како отштета за затајувањето на данокот.