Само двајца играчи сакале да остане Мурињо

Заминување на The Special One од Јунајтед и натаму е топ тема на островот. Иако за тренер веќе е поставен џокерот на Фергусон, Оле Гунар Солскјер сепак мора до крај да се исчепка целата вистина за отказот на Жозе Мурињо.

Факт е дека шестата позиција, односно 11 бода зад четвртото место кое носи во ЛШ и 19 бода зад лидерот Ливерпул е далеку од посакувана позиција за клуб од рангот на Манчестер Јунајтед.

Но добро познато е и дека Мурињо и потпретседателот на клубот Ел Вудвард, немаат добра релација.

Португалецот често знаеше да го критикува со образложение дека не трошел доволно пари за играчи и токму Вудвард веројатно го докрајчил Мурињо.

Потпретседателот на Манчестер организирал таен состанок со играчите за да има увид дали треба да се избрка тренерот. Резултатите биле неверојатни. Поддршката на човекот кој себе си се нарече Специјален била бедна.

За да остане на клупата на Олд Трафорд, се изјасниле само двајца играчи, Немања Матиќ и Ромелу Лукаку, односно двајцата играчи кои токму Мурињо ги донесе во Јунајтед, друг никој.

Кога се дознало дека тој е веќе поранешен тренер, фудбалерите славеле, а славјето го предводил Пол Погба. Најскапиот фудбалер во историјата на клубот веќе стана познато дека е во лоши односи со Погба.

„Никој не сака да види како некој останува без работа, но на тренингот после отпуштањето на Мурињо атмосферата беше сосема поразлично, се смени во еден. Играчите се смееа и беа среќни“, открива неименуван извор од Јунајтед за Мирор.

Тоа е, сега човекот ќе мора автомеханичар да работи за да преживее.

21 декември 2018 - 15:06