Русија гради фудбалско село во Саранск

Скапи влезници и скапо сместување (а и патот зависи од каде доаѓаш) се главни проблеми за фановите пред секој Мундијал. За СП 2018-та, Русите во Саранск имаат поинакво решение.

Руската фудбалска федерација потпишала договор со британската фирма Снузбокс Холдоинг за изградба на капсула хотел во градот Саранск.

Станува збор за мобилен хотел, кој ќе има 2 илјади соби со 3 ѕвезди, а целиот комплекс ќе содржи уште и ресторани, фитнес сала, базени, видео бимови како и голем број маркети.
 
Подвижните хотели се прикладни со тоа што немаат потреба од рамен терен, вода и струја, елементи кои се вметнати во самиот хотел, а нивната практичност се докажа во Олимпиското село за Летните игри во Лондон 2012. година.
 
Целосната изградба на хотелот ќе изнесува околу 2 милиони евра.

Инаку, Саранск ќе биде еден од 11. градови домаќини на континенталното натпреварување кое ќе трае 32 дена. 

Саранск е главен град на областа Мордовија, оддалечен е 600км источно од Москва и има околу 300 илјади жители.
 
Во план е новиот стадион кој ќе се гради во овој град за потребите на Мундијалот, да има капацитет од 45 илјади столчиња, а ќе биде сместен крај реката Инсар.
 
2 септември 2014 - 13:25