По сите шпекулации, но и контроверзии најголемата ѕвезда на Реал Мадрид на денешната свечената церемонија во Цирих ја подигна „Златната Топка" и стана најдобар играч на планетата за 2013 година.
Роналдо изминатата година не освои ниту еден трофеј на клупско ниво, но беше најдобар стрелец во Европа со 69 постигнати голови во 2013 година, а се истакна како лидер на „Кралевите" со својата препознатлива индивидуална брза и атрактивна игра.
Португалецот стигна до ова признание во конкуренција на Лионел Меси кој рекордни четири пати во низа го добиваше ова признание и Франк Рибери кој со Баварците стигна до четири трофеи во 2013 година.
Фудбалер на годината
Кристијано Роналдо (Португалија)
ФИФА тим на 2013 година
Мануел Нојер – Дани Алвеш, Серхио Рамос, Тијаго Силва, Филип Лам – Андрес Иниеста, Франк Рибери, Чави Хернандез – Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Лионел Меси
Најдобар тренер
Јуп Хајнкес (Германија)
Најдобар тренер во женски фудбал
Силвија Нејд (Германија)
Награда Ференц Пушкаш за најубав гол во 2013
Златан Ибрахимовиќ (Шведска)
Фер плеј награда
Фудбалска федерација на Авганистан
Најдобра фудбалерка
Надин Ангерер (Германија)
Почесен освојувач на „Златната топка“
Пеле (Бразил)