Роналдо даде гол, од пенал

На три кола пред крајот на првенството во Саудиска Арабија, Ал Наср на гости со 0-2 го совладал Ал Таи и сега има три бода помалку од лидерот Ал Итихад. На стартот на вториот дел кога еден играч на гостите бил фаулиран во шеснаесетникот на домашните, судијата само одмавнал со рака но Кристијано Роналдо се затрчал кон него да бара пенал. Повикан бил ВАР после кој е досуден пенал кој Португалецот го реализирал.

Кристијано Роналдо до сега сезонава има 13 гола и 2 асистенции.

17 мај 2023 - 11:29