Романија се простува со фудбалскиот татко Мирчеа Луческу

Од Георге Хаџи преку Попеску, Мариуш Лакатуш, Даниел Станчиу и многу други легендарни фудбалери и функционери од Романија вчера и денес се простуваат од нивниот фудбалски татко Мирчеа Луческу. Легендарниот романски тренер почина на 80-годишна возраст само неколку дена откако ја водеше Романија во баражот за Светско првенство против Турција во Истанбул.

На Националната Арена во Букурешт Романците се простуваат со Мирчеа Луческу. Нему му се влошила ситуацијата после еден тренинг на романската репрезентација на 29-ти март после што завршил во болница. Таму почина во вторникот.

Неговиот син Разван Луческу е успешен тренер кој веќе неколку години го води грчки ПАОК:

Последен поздрав му испратија и од Галатасарај на кого во 2001-ва му ја донесе првата европска титула во Куп на УЕФА:

9 април 2026 - 11:59