Задачата на Ливерпул во вторникот вечер беше математички јасна: победа над Ајакс им гарантира плејоф во Лига на шампиони, а пораз голема неизвесност до крајот.
Сезонава Ливерпул мака мачи со еден куп повредени играчи. Сега последен поради повреда на терен со Ајакс не се појави Алисон. Бразилецот во составот не го замени Шпанецот Адријан кој вообичаено го заменуваше, туку 22-годишниот Кевин Келехер.
Додека „црвените“ водеа со 1-0, во 88' минута Келехер спаси чист гол по шутот на Хунтелар со глава и спаси огромни 3 бода за прво место во групата.
За младиот Ирец ова беше деби во Лига на шампиони. Келехер периодично се наоѓа на клупата за резерви во Премиер лига и во Купот но одамна не почнал од почеток.
Последен пат бил стартер за Ливерпул на 4 февруари 2020 против Шрузбери.
„Апсолутно мислам дека Адријан направи неверојатна работа за нас, често беше без примен гол, бранеше добро. Но сега ни треба природниот талент на Келехер. Он е прав шот-стопер. Се решивме за него но никогаш не знаеш како ќе тргне. Задоволен сум колку мирно и здраво се справи Келехер“, изјави Клоп презадоволен од својот млад голман.
А младиот Ирец после триумфот од 1-0 остварен благодарение на него рекол:
„Работам секој ден на тренинзите за да бидам посигурен, во секој момент да бидам спремен. За среќа денес ми тргна да имам неколку добри одбрани“, скромни рекол Келехер после мечот.
Исходот го реши грешката на противничкиот голман, оној поискусниот синоќа, Андре Онана. Камерунецот во 58' минута направи лоша проценка и не ја фати топата во вис каде ја начека младиот Кертис Џонс:
„Што можам да кажам? Згрешив и тоа е. Не одигравме нерешено или не одигравме нерешено поради мене, јас сум крив“, признал Онана после мечот.
Ливерпул многу тешко влезе во нокаут фаза. Неочекуваното реми на Аталанта со Мидтјиланд му осигура прво место на англискиот шампион во вгрупата.
Во вака тешка сезона со многу повредени, тоа е голем успех. Како што пренесува БиБиСи отсутни поради повреда во Ливерпоул се 9 фудбалери од прва постава: Наби Кеита, Трент Александер-Арнолд (двајцата близу враќање на терен), Вирџил Ван-Дајк, Џо Гомез, Алекс Окслејд-Чемберлејн, Ѓердан Шаќири, Џејмс Милнер, Тиаго Алкантара, Алисон.
„Да бидам искрен ова беше еден од најважните мечеви во Лига на шампиони откако сум дојден во Ливерпул. Без навивачи беше најважен, најтежок и исклучителен“, признал Клоп.