Реал го помина Баерн Минхен по добиени пенали сезонава

Реал Мадрид го совлада истоименикот од Сосиедад со 4-1. „Кралевите“ добија два пенали кои ги искористи Винисиус Жуниор во 25-та и 48-ма минута и први се на табела со 2 бода повеќе од Барселона која својот натпревар го игра вечерва против Жирона. Според податоците на Опта, Реал Мадрид изби на прво место и меѓу клубовите кои добиле најмногу пенали сезонава.

Реал Мадрид против Сосиедад стигна до бројката од 13 пенали досудени во нивна полза сезонава во шпанска Ла Лига и по тој параметар е лидер во топ 5 лигите сезона. Баерн Минхен изведе 9 пенали во Бундеслига, а Мајнц, Брентфорд и Брест добиле по осум казнени удари од единаесет метри.

Рекордот во Ла Лига го држи и натаму Барселона која во сезоната 2015/2016 доби дури 19 пенали, па Реал Мадрид „ако сака да се приближи“ до тој рекорд ќе мора да продолжи „во ова темпо“ како досега.

Стручните коментатори не гледаат никакви теории на заговор во ова туку тврдат дека екипите кои играат претежно ултра-напаѓачки фудбал и доминираат во поголем тек од натпреврите, логично имаат повеќе шанси за да добијат пенал по некоја случја во противнички шеснаесетник.

16 февруари 2026 - 12:38