„Најтешкиот момент во мојата кариера беше во 2020-та. Ми се разви депресија и само неколку луѓе знаеа за тоа“, вели Игор Тиаго.
После пет години тој е на врвот, игра во најсилната лига на светот, Премиер лига и се брка за титулата најдобар стрелец со Ерлинг Халанд. Сензационалниот центарфор на Брентфорд постигна 11 гола и е во потрага по норвешкиот бомбардер кој веќе има 15 погодоци и е прв.
Јунакот на оваа приказна е Игор Тиаго. Бразилецот кој по смртта на татко му поминал тежок пат низ депресија, па трансфер во Бугарија, повреда и долга пауза.
Јунакот на оваа приказна е Игор Тиаго. Бразилецот кој по смртта на татко му поминал тежок пат низ депресија, па трансфер во Бугарија, повреда и долга пауза.
ВЕЌЕ ПОЛА ГОДИНА Е ВО ПРЕМИЕР ЛИГА А СТАНА НАЈГОЛЕМ ХИТ
Брадестиот Бразилец многумина го дознаа за првпат дури во шесто коло на Премиер лига благодарение на Манчестер Јунајтед. Со два гола Игор Тиаго му пресуди на тимот на Рубен Аморим и стана играч на колото.
Тоа беа четврти и петти гол на Бразилецот во сезоната: останатите голови ги постигна против Нотингем Форест, Борнмут и Сандерленд.
Брентфорд го купил Игор Тиаго (24) лани во јули 2024-та за 33 милиони фунти но во првиот натпревар од пред-сезонските подготовки тој го повредил менискусот и долго го чекал дебито во Премиер лига, речиси цели три месеци по доаѓањето.
Во премиерлигашот дојде како замена за одличниот Иван Тони кој замина во Саудиска Арабија а на црвено-белите им требаше адекватна замена која што ја добија во Бразилецот.
СЕ ОПОРАВИЛ И БРЗО ВЛЕГОЛ ВО ФОРМА
Игор Тиаго го залечил менискусот дури во ноември и заигра на четири натпревари во Премиер лига 2024/2025: три пати влегол од клупа за резерви и еднаш од старт. Нула голови, нула асистенции, само 175 минути на терен и нов кошмар - нова повреда, редок инфекциски артрит и силен удар по неговото ментално здравје.
Тогашниот тренер на Брентфорд а сега на Тотенхем Томас Франк се држел за глава како можело Игор Тиаго да биде толку малерозен тогаш.
Во прв план излегле напаѓачите Брајан Мбемо, Јоан Виса и Кевин Шаде кои постигнаа 40 гола вкупно сите тројца во Премиер лига 2024/2025. За тоа време Бразилецот се занимавал со адаптација и самоанализа.
„Таа сезона беше многу важна за мене. Многу научив за себе, за своето тело и неговата реакција на разни ситуации. Не можев да играм ама сфатив како работи моето тело“, раскажува Игор Тиаго.
Во современиот фудбал ретко даваат време за втора шанса. Уште поретко во Премиер лига каде неколку слаби натпревари може да ве исфрлат од состав. Чудно е што Брентфорд го чекал Тиаго цела година.

„Тој е вреден напаѓач кој одлично пресингува. Има одлична физичка форма, може да ја поврзе нашата игра“, рекол данскиот тренер Томас Франк за Тиаго.
Но двајцата не се дочекале на теренот зошто Франк на лето замина во Тотенхем а на негово место дојде Кит Ендрјус, ирски тренер кој исто ги знаел квалитетите на Тиаго Игор.
Во новата сезона 2025/2026 за 1.222 минути на терен во Премиер лига постигна 11 гола на 15 натпревари (14 од старт). Му фалат уште пет гола да стане најефикасниот Бразилец во една сезона на Премиер лига. Досега по 15 гола во една сезона во Премиер дале Роберто Фирмино (15 во 2017/2018), Габриел Мартинели (15 во 2022/2023), Матеуш Куња (15, 2024/2025), Робињо (14, 2008/2009), Габи Жезус (14, 2019/2020).
Пет од 11 гола Игор Тиаго постигнал од пенал, но и покрај тоа тој е многу ефикасен по параметарот xG (+2).
„Искрен да бидам јас не очекував таков развој. Тоа е ненормално кога играч кој доаѓа од Бугарија и Белгија, кој паузира година дена поради повреда, излегува на терен и покажува такво влијание во Премиер лига“.
ИГРАЛ ЗА ВТОРИОТ ТИМ НА ЛУДОГОРЕЦ И ЗА 2 ГОДИНИ ЦЕНАТ АМУ СКОКНАЛА НА 32 МИЛИОНИ
Професионалната кариера Тиаго ја започнал во родниот Крузеиро. После пола гдоина сакал друга средина: сонувал да игра во Премиер лига и сакал по секоја цена да се пресели во Европа.
Изборот бил необичен: од топлиот Бразил дошол во магловитата и студена Бугарија. Откако се запознал со времето и менталитетот, Игор признал дека едно време сакал да се врати дома, но менаџерот го убедил да остане и практично му ја спасил кариерата.
„Тоа беа големи промени. Луѓето во Бугарија не се толку срдечни како во Бразил, тоа беше голема културолошка разлика“, се сеќава Игор иако многу негови сонародници го кажуваат спротивното и во Бугарија добро се привикнуваат.
Со фудбалот исто му требала долга адаптација. Решиле да го внесат во прв тим преку вториот, Лудогорец Б. Подоцна тој шокирал со една изјава: „Во Бугарија се игра потехнички и побрз фудбал од бразилскиот, со многу додавања“. Овој цитат го пренеле бугарските новинари.
После неколку добри меча за вториот тим го прекомандувале во прв тим каде почнал да дава голови. Во Источна Европа брзо се привикнал а во тоа многу му помогнал мултикултуралниот Лудогорец за кого со години веќе играат еден куп странци.
Заедно со Тиаго Игор играле уште осум Бразилци, четири Африканци, Шпанци и Португалци. Имало дури и кувар од Бразил. Составот го правел менаџерот Марсело Бир кој го донел и 16-годишниот Тиаго.
БРЗО СТАНАЛ ЅВЕЗДА
Бразилецот брзо станал ѕвезда на бугарското првенство: 21 гол и 7 асистенции на 55 натпревари, освоил две шампионски титули во Бугарија, а во сезоната 2022/2023 и двојна круна и Суперкуп.
Пола година после тоа трансфер бил неминовен: за 11 милиони евра го откупил Клуб Бриж. Тоа бил рекорден трансфер во историјата на бугарскиот фудбал.
А шест месеци по Белгија го купил Брентфорд кој за брзиот напаѓач дал 32 милиони фунти. Од екипата заминал репрезентативецот на Англија Иван Тони а Игор поставил услов: да ја доигра сезоната во Белгија па на крајот да дојде во Англија. Сакал да му помогне на Бриж во еврокуповите.
Трансферот од 33 милиони евра поминал во целосна тишина. Ретко кој го забележал Игор Тиаго во Брентфорд. Тоа бил најскап излезен трансфер во историја на белигскиот фудбал.
Работеле во целосна тајност. „Дури ни Фабрицио Романо ништо не знаеше. Сакаме да работиме во тишина. Така и Брентфорд успеа да ги изненади навивачите“, рекол менаџерот Бир.
Интересно, англискиот клуб првично во Белгија, во Бриж отишол за Антонио Нуса но зделката пропаднала откако фудбалерот паднал на медицински прегледи. Тогаш англичаните се решиле за Игор Тиаго. И двајцата биле проценети на 30 милиони евра.
Но Атлетик открил една тајна: Брентфорд кој има врвен систем и одлични скаути, го следел Тиаго уште од времето од Крузеиро. Сметале дека е рано да го донесат во Премиер лига, па го следеле неговиот пат во Бугарија, во Белгија и на крај решиле да го земат. Аналитички и посветено. Во зимата 2024 кога Игор Тиаго бил цел на интерес на многу клубови, Брентфорд настапил со добра понуда и спречил некој да им го земе.
Токму тренерот Томас Франк и техничкиот директор Ли Дајкс летале на преговори во Бриж со Тиаго. Го гледале и Антонио Нуса исто во Брентфорд но сосема на друга позиција.
До трансфер кај нив, Брентфорд изучил дури 45 натпревари на Тиаго додека крајно не биле убедени во неговите квалитети. Не им засметал ни неговата голгетерска суша: после шест гола на стартните 12 натпревари за Бриж, Игор 10 меча по ред немал погодок. Адаптацијата му требала поради не знаењето белгиски јазик. За разлика од Лудогорец, во Бриж речиси никој тогаш не зборувал португалски јазик.
Дури и тренерот на Клуб Бриж Рони Дејла објаснил дека му требало време на Игор за да се навикне на лигата и средината. Кажал дека откако се адаптирал Тиаго играл одлично и вршел пресинг врз противничката одбрана како никој.
„Погледнете ја неговата статистика во Бугарија. Повеќето голови Игор ги постигнал после 60-та минута кога одбранбените фудбалери веќе се изморени. Благодарение на неговата снага и снаодливост, тој ги решава натпреварите“, рекол неговиот агент Бир.

Тиаго не сакал да си оди така брзо од Бриж без победи и трофеи. Останал до летото 2025 и покрај договорот со Брентфорд, и помогнал на екипата да ја освои шампионската титула и да стигне до полуфинале на Лига Конференции.
Во Про Лига Игор постигна 18 гола и стана трет стрелец а во Лига Конференции даде 5 гола лани и го доби признанието најдобар млад играч на сезоната во ЛК. Голем успех во кариерата и огромен чекор по Лудогорец.
РАБОТЕЛ ДОСТАВА И РАБОТЕЛ СО ГИПС КАРТОН, ГО БАТАЛУВАЛ ФУДБАЛОТ
Во сите клубови Игор Тиаго најмногу го ценеле за карактерот и вредноста.
Тој на свои 11 години останал без татко му Валтер и цела одговорност за децата и семејството паднала на мајка и Марија која работела како домарка.
„Мајка ми е најсилна жена на свет. Таа се трудеше да не изгледа иако не и беше лесно. Понекогаш буквално немавме за јадење - тешко време беше. Мајка ми одеше да подработи кај роднини, а некои дури и ни се исмеваа поради тоа.
Татко ми беше важен човек за мене, за моето раснење. Неговото заминување беше најтежок период во моето созревање како личност.
Игор Тиаго брзо се навикнал на тешки работи и работел се за да го помогне семејството, дури и кога татко му бил жив. „Рано почнав да работам. Со 11 години почнав да плевам земја. Тоа го правеа моите татко и дедо и јас сакав да бидам како нив. Понекогаш соседите ми велеа: „Можеш ли да го ископаш и мојот двор“? За тоа добивав по 50 реали (по 8 евра).
Тие трудови во детството беа многу важни за мојот развој. Тие ме научија повеќе да ги ценам нештата и тешкиот труд, ме мотивираа да се стремам кон тоа што станав денес. После загубата на татко, многу брзо созреав и станав самостоен“, се сеќава центарфорот на Брентфорд кој би можел да игра за Бразил на Светско првенство.
РАБОТЕЛ СÈ И СЕШТО
Подоцна Игор Тиаго во животот работел што ќе треба: бил ѕидар, молер, делел флаери, разнесувал овошје по супермаркети, доставувал нарачки итн. Заработените пари ги давал дома кај семејството а за себе одвојувал по нешто за автобус до тренинг и назад.
Во фудбалот не се вљубил веднаш: играл со топка како и сите мали деца во Бразил но без некоја посебна страст. Љубовта кон фудбалот му ја пренел брат му.
„Јас почнав да играм на 8-9 години. Се вљубив во фудбалот благодарение на брат ми кој ме водеше на натпревари преку викенд. После видов како игра Кристијано Роналдо за Манчестер Јунајтед. Тоа беше најважен момент. Кога го видов како игра, си реков: 'Сакам да бидам како него'.
Сега сум во Премиер лига! Благодарен сум му на брат ми кој ми ги отвори вратите на фудбалот. Среќен сум што моето семејство присуствува на натпреварите и гледа како играм во Англија“, се гордее на својот тежок и мачен пат до ѕвездите Игор Тиаго.
Но неговата приказна носи и една голема животна вистина.

Тој прво не успевал во фудбалот. На почеток не му одело како треба и изгубил интерес откако неколку пати го одбиле на прбои. Решил да крене раце од својот сон дури и пред тој навистина да му почне.
„Мајка ми ме виде на кревет, пријде и ми кажа: 'Сине што правиш'? Никогаш не сум бил некој кој само лежи. Секогаш сум тренирал, трчал, нешто сум работел. Ми кажа: 'Навистина веќе не сакаш да играш фудбал'?
Во тој момент си помислив: „Проклетство, го губам мојот сон“. Веднаш станав и отидов на трчање. Трчав по 8-10 километри секој ден“, се сеќава Тиаго Игор.