Враќањето на местото кое секогаш го сметал за свој дом значеше и нов почеток за Оле Гунар кој го замени Жозе Мурињо.
Опркужен со новинари и навивачи уште на аеродромот во Манчестер, Солскјер дал по некоја кратка изјава и се упатил кон тренинг центарот Карингтон.
Кога стигнал, прво дошол да се поздрави со госпоѓа Кет Фипс, долгогодишна рецепционерка во спортсиот центар на најтрофејниот англиски клуб.
Кет таму работи уште од 1968 година а Солскјер за неа специјално донел норвешко чоколадо - убав и сосема неочекуван гест. Ова е првиот мал знак дека во клубот ќе дува некој поинаков и позитивен ветер.