Прославата на Бока Јуниорс со навивачите

Во големото финале на Копа Судамерикана која е пандан на европската Лига Европа, Бока Јуниорс во Колумбија со 2-0 го совлада бразилски Атлетико Минеиро и го прекина 20-годишното чекање голема меѓународна титула. Стрелци на головите беа Сантијаго Аскасибар во 16' минута и Мигел Мерентиел во 48-ма минута.

Триумфот во финалето на Копа Судамерикана во колумбискиот град Баранкиља е прв голем меѓународен пехар за Бока Јуниорс уште од 2007-ма година кога го освоија Копа Либертадорес.

Бока Јуниорс прикажа подобар фудбал од бразилскиот ривал и после двата гола ја сочува предноста до крај за големо славје на трибините. Околу 40.000 навивачи го бодреле гигантот од Буенос Аирес и допатувале за големото финале во Колумбија.

Последен пат Бока Јуниорс играше во големо финале во 2018-та кога изгуби од најголемиот ривал Ривер Плејт во Мадрид.

Овој пехар во Копа Судамерикана за Бока Јуниорс доаѓа само две недели откако го освои и првиот дел од првенството на Аргентина. Бока стана и прв клуб до три титули Копа Судамерикана во историјата а си обезбеди и сигурен пласман во Копа Либертадорес за 2027-ма година.

Се славело и во Буенос Аирес на улиците и плоштадите:

 

23 ноември 2026 - 09:17