Португалскиот ас го режираше пресвртот на неговиот Ал Наср во саудиската Про Лига, откако домаќинот губеше од 26-та минута. Во 78-ма минута Кристијано со прекрасен гол од слободен удар израмни на 1-1 за да Бразилецот Талиска од пенал во 86' ги постави конечните 2-1. Ова беше 9-ти гол за Роналдо на 8 меча а има и 2 асистенции.